Драган Таневски: Животот ви дал главна улога, одиграјте ја за Оскар!

Спонзорирани линкови

Уметникот мора да е конструктивен. Уметникот не смее да копира никого. Тоа ќе му се удри од глава. Уметникот мора да сочувствува. Да ја осети туѓата болка како своја. Да се радува на туѓата среќа. Уметникот е должен да создава. Само уметник кој е автентичен и свој има некакви шанси да стане успешен.

Драган Таневски зборува за животниот стил и за тоа како треба да се однесуваме кон самите себе за да станеме успешни луѓе. Тој секојдневно докажува дека успехот е плод на посветеноста, трудот и љубовта кон она што го работи. Имавме можност да украдеме малце од неговото време за да успееме да ви доловиме што значи да си успешен во време кога конкурентноста е навистина голема.

Драган, колку години веќе пишувањето е ваша љубов?

– Повеќе отколку што памтам.

Дали може да се живее од пишување кај нас?

– Со овие цени на книгите? Тешко.

Од кое ваше дело сте најмногу задоволен?

– Аааа, не играме вака. Мајката на пет деца кое дете повеќе си го сака?

Покрај себе имате два сина, ќерка и сопруга. Колку се тие вашите најголеми критичари?
– Имам два сина, ќерка и сопруга. Сите ми се добри критичари. По фаците највеќе им се познава колку нешто ги допира или не. Но во принцип, ако на жена ми нешто и се свиѓа, ќе им се допадне и на другите. Она ми е главниот параметар. (И инспирација, кога сме веќе кај тоа)

Колку Драган се пронаоѓа во своите текстови?

– Многу. Скоро целосно.

Која е твојата формула да се биде добар писател?

– Уклучи ги сите сензори. Исклучи ги сите предрасуди. Емоциите на десетка. Напиши илјада страници. Искини две илјади. И на крај – не штеди мастило.

Како што знаеме сопственик сте на Novus, фирма за сервис на автомобили, дали ова значи дека шансите да се живее само од пишување кај нас се мали?

– Приватник сум 27 години, да. Од пишување во Македонија не може да се живее. Среќни сме кога можеме да издадеме нова книга со парите од претходните изданија. Мислам, 200-300 денари за книга е да кажеме понижувачки, скоро болно ниска цена. Од друга страна, свесни сме за буџетот со кој располага просечниот граѓанин. Уште поболно е кога знам дека некои од моите читатели (јас си ги викам мое племе) мораат да се одрекнат од оброк или два само да можат да ја купат мојата книга.

Дали пишувањето ќе биде вашиот животен избор, или постои пасија и кон некоја друга професија?

– Пишувањето не го бираме ние. Тоа не бира нас. Ти како новинар сигурно го осеќаш тоа најдобро. Постои пасија за летање. Се спремам веќе 3-4 години да се пријавам кај другар ми Пепи Чемерикиќ на часови по ултралајт.

Дали можете да ни откриете кои се вашите секојдневни навики, што правите во слободно време, и која е вашата најголема мотивација во реализирањето на секојдневните активности?

– Па работа, семејни обврски и пишување. Мене ми се чини така, или треба од некаде да побараме деноноќие од барем 50-тина часа?

Знаеме дека секој млад и амбициозен поединец како своја мотивација ја поставува кариерата на својот идол, вас за идол ве имаат многу, па така кои се вашите препораки за младите и високопотенцијалните умови на денешницата?

– За нив имам пишувано многу. Тие ми се како освежителни капки роса. Оригинални се, желни за автентичност. Ги води желба за правда, често се бунтовни против закоравените коцкасто-сиви норми на живеење. Тие норми не се за луѓе кои сакаат да одживеат фристајл.

Кои се најважните карактеристики што го прави човекот успешен во денешно време?

– Знаеш како, комбинација од повеќе фактори. Прво да дефинираме што подразбираш ти под успех. Дека лесно може да се случи да имаме различна визија за тој феномен. Ако под успех подразбираме мислење со своја глава, тогаш сме на иста страна. Еден уметник НЕ СМЕЕ да дозволи да биде дел од толпа. Толпата е стампедо. Стампедата се деструктивни по природа. Уметникот мора да е конструктивен. Уметникот не смее да копира никого. Тоа ќе му се удри од глава. Уметникот мора да сочувствува. Да ја осети туѓата болка како своја. Да се радува на туѓата среќа. Уметникот е должен да создава. Само уметник кој е автентичен и свој има некакви шанси да стане успешен.

Кое е вашето животно мото?
– Верувам во ПРИЧИНА

Каде и како планирате да го поминете летото?
– Имаме една семејна ситуација која бара наша целосна инволвираност. Кога ќе дојдат такви ситуации нема планирање одмори и слично. Ќе одиме негде штом ќе се средат поважните работи.

Може на крај Ваш совет за сите читатели на Забава?
– Дечки, животот ви дал главна улога. Одиграјте ја за ОСКАР.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford