“Ти ми рече не” на Елена Миленковска доби и видео запис

Спонзорирани линкови

Младата поп пејачка Елена Миленковска за делото на Роберт Билбилов, “Ти ми рече не”, раскажа своја видео приказна.

Новиот спот на Елена Миленковска е во режија на Огнен Шапковски, а како продуцент се потпишува Александар Пауновски. За тотално природната шминка и фризура се погрижи Бобан Тодоровски, а за стајлингот Тамара Стерјова, тимот кој не се менува.

“Ако треба да опишам каков е мојот нов спот, тогаш само ќе Ви речам дека одлучивме овој пат приказната да биде многу едноставна, преку емоција да ја опишам песната. До сега во сите свои спотови сум имала различни улоги, со партнер или со повеќе статисти, овој пат идејата беше јас да бидам во главната и единствена улога и сето она што е веќе испеано да го доловам преку емоција. Јас претставена во најприродно светло, Елена каква што е, без додавки” – ни изјави Елена Миленковска.

Песната “Ти ми рече не” е комплетно дело на хит-мејкерот Роберт Билбилов, односно тој се потпишува зад музиката и аранжманот, текстот пак е дело на Ксенија Николова, а мастерингот го направи Дарко Димитров.

Видео-записот е сниман во Македонската Опера и Балет во само еден ден. Режисерот Шапковски е сигурен дека заедно со Елена создале спот кој е гледлив, спот кој секого од нас го остава самиот да си ја дораскаже веќе започната приказна која ја буди во секој од нас музиката заедно со видео – записот за песната “Ти ми рече не”.

“На сите оние кои некогаш биле во ситуација да се навратат на некоја стара и болна љубов, љубов по која знаат дека се е завршено, веќе им се допадна песната, а јас искрено се надевам дека така ќе биде и отткако ќе го погледнат мојот нов спот” – додава Елена Миленковска.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford