Facebook M – Уште еден персонален асистент кој ќе ви помага да завршите одредени активности

Спонзорирани линкови

Facebook оваа недела претстави персонален асистент, сличен на тие како Siri, Google Now и Cortana и со тоа влезе на овој очигледно популарен сегмент од пазарот. Наречен M, за разлика од Cortana и Siri, ќе нема пол и ќе биде дел од Messenger апликација, а интеракцијата ќе се прави во форма на пораки.

За почеток M ќе биде достапен за ограничен број на корисници кои што ќе имаат шанса да го тестираат, а се најавува достапност за сите корисници на Facebook во иднина.

За разлика од конкурентите, M ќе претставува еден вид на хибрид помеѓу технологијата, односно вештачката интелигенција и луѓето. Тоа значи дека покрај вештачката интелигенција, за работа на асистентот, односно одговорите што ги дава и функциите што ги извршува, ќе бидат задолжени и вистински луѓе.

Сега за сега не се истакнува колкава ќе биде бројката на луѓето, меѓутоа доколку M стане масовно користен сервис, бројката сигурно ќе биде во илјадници. Луѓето кои што ќе стојат зад сервисот имаат и свое име, односно ќе бидат нарекувани M Trainers.

Ваквиот начин на работа на Facebook M треба да овозможи повеќе функции на асистентот, нешто што конкурентите кои што се ослонуваат само на вештачката интелигенција не се во можност да го понудат.

Тоа значи дека корисниците ќе можат да поставуваат прашања и да задаваат задачи кои што доколку е потребно ќе бидат извршувани од страна на М тренерите. Примери кои што се истакнати вклучуваат нарачка на поклон за одредена личност, резервирање на патувања и ресторани, посложени прашања како каде е најдобро место за јадење во градот и слично.

Се истакнува дека М ќе им нуди на корисниците и можност да откажуваат одредени сервиси, како што е претплата за одреден телевизиски канал на пример, по што М тренерите ќе се јавуваат во потребните кол центри, па корисникот нема да треба да го губи времето чекајќи.

Facebook M ќе биде бесплатен сервис кој што во иднина треба да биде извор на приходи за компанијата. Може уште сега да се види дека сервисот ќе конкурира на повеќе други сервиси, а не само на персоналните асистенти.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford