Викенд со коктели – зошто да не?

Спонзорирани линкови

Добра атмосфера, одлична музика, простор кој оплеменува, опуштено друштво и вкусен, необичен коктел кој дополнително ќе го поттикне вашето добро расположение.

Кој не би сакал вакво викенд излегување, особено ако е во друштво на најблиските? Класичните забави во кафулиња и ноќни клубови се веќе видени, можеби за некого и изживеани, но интересно место зачинето со по некој нов, егзотичен вкус е искуство кое вреди да се доживее и кое гарантира моменти за паметење.

А, кога сме веќе кај новите вкусови, врвните коктел мајстори знаат колкаво задоволство може да биде добар коктел, особено во петок или сабота навечер. Имајќи го тоа на ум, тие ни претставија 5 интересни рецепти за вкусни коктели со цел да го започнеме викендот во добар стил. Па, зошто не би пробале нешто?

1. PEACH JULEP

Доколку сте љубител на стариот верен пријател – вискито, ви го препорачуваме коктелот „Peach Julep“. Комбинацијата со зелен лимон, пире од праска, кршен мраз и нане, го прави овој коктел неверојатно смел, но истовремено и освежителен и егзотичен.

2. LIPA SPRITZ

Доколку сте без идеја што ново да пробате, а го сакате лесниот, освежителен вкус и чувството на скокоткање на јазикот, за вас е коктелот „Lipa Spritz“. Тајната на овој коктел е аперолот кој е совршен аперитив со уникатен вкус на портокал, а во комбинација со просеко и минерална вода, добивате одличен слабо алкохолен коктел од кој ќе сакате повеќе и повеќе.

3. SKUPI SLING

Коктелот „Skupi Sling“ можеби навидум делува „женски“, меѓутоа верувајте – ова е смел, сладникав вкус во кој се препознава сокот од ананас. Главните алкохолни состојки се џин, добро познатиот традиционален чешки пијалак Бекеровка, но уникатноста ја даваат и брендито од цреша и гренадинот. 5 различни состојки за кои ќе се изненадите колку добро одат една со друга.

4. KVADION

За љубителите на старата, добра жолта ракија, вистинските боеми од нашите улици. Можеби никогаш не би помислиле дека ракијата може да се комбинира со мартини росо и слатко од цреши, меѓутоа доколку го пробате коктелот „Kvadion“ ќе се уверите во спротивното. Истовремено и традиционално, но и полно егзотика.

5. QUINCE & SPICE

Освежително и слатко, лесно, но со карактер. Таков е коктелот „Quince & Spice“ во кој главната состојка е румот Havana Club, но зачинета со зелен лимон и верувале или не – слатко од дуња. Веројатно никогаш не помисливте дека слаткото од дуња ќе биде вашиот главен аперитив во петок навечер, но доколку се чувствувате за ноќен живот во добар стил, за вас е токму овој коктел.

Се надеваме дека успеавме да го задржиме вашето внимание со овие 5 интереси коктели кои не се вообичаени за секое кафуле или ресторан. Доколку сте љубопитни и да ги пробате, можете да ги најдете во Дистрикт бар и ресторан, подготвени од вештите раце на нивните врвни коктел мајстори.

На вас останува само да уживате во добрата, опуштена атмосфера и да се препуштите на новиот, уникатен вкус.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford