Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто

Спонзорирани линкови

Идејата на братот и сестричката Даниел и Лара Крон од Германија може навистина да придонесе да се заштедат милијарди вода годишно. Всушност, наместо да ги бришеме капките вода од дождот кој се собира на ветробранското стакло, зошто не би ги собирале со цел повторно да ги употребиме преку прскалките?

Овие две деца дошле до ваква идеја кога минатото лето додека патувале со своето семејство почнало силно невреме. Меѓутоа, кога нивниот татко Грег се обидел со бришачите да го исчисти стаклото од насобраната вода и прашина, резервоарот за вода бил празен и стаклото станувало сè повалкано.

Така овие две паметни деца дојдоа до идејата да ја реупотребуваат водата од дождот, а нивната идеја всушност доби и прва награда на локалниот натпревар за наука и сега веќе се развива на тест автомобил во реална големина.

„Премногу истураше. Имаше вода насекаде, освен во резервоарот на бришачите. Тогаш со мојата сестра помисливме дека тоа е навистина смешно и наеднаш одговорот се чинеше очигледен. Едноставно, би можеле повторно да ја употребиме дождовната вода“, рече 11-годишниот Даниел од Јилих, Германија.

„Не можевме да поверуваме дека никој не се сетил на ова претходно“, додаде неговата 9-годишна сестричка Лара. „За да ја испробаме идејата, го расклопивме нашето противпожарно возило играчка и го прикачивме цревото на мал модел автомобил во аквариумот. Потоа додадовме систем за филтрирање за да се осигураме дека водата ќе биде чиста и функционираше навистина добро“, вели таа.

Инженерите на Ford кога слушнаа за оваа идеја беа навистина заинтересирани и понудија да инсталираат ваква справа во реална големина на Ford S-MAX тест возило. За да може да се собира водата, со гумени цевки го поврзаа дното на ветробранското стакло со резервоарот за вода.

„Идејата на Даниел и Лара со децении беше пред очите на возачите. Беше потребен само еден момент на ингениозност за вистински да се оживее. Благодарение на овој систем, всушност за помалку од 5 минути врнење резервоарот на бришачите целосно се полни“, рече Тео Геке, супервизор во одделот за каросериска надворешност на Ford за Европа.

Потрошувачката на вода за возилата инаку се очекува и повеќе да се зголеми, земајќи го предвид фактот дека дополнителната опрема како камерите и сензорите, исто така треба да се одржува чиста. Инженерите на Ford веќе работат на начини за зачувување на водата од дождот и кондензацијата, вклучувајќи и начин на собирање на влагата од воздухот и нејзино филтрирање со цел да се добие вода за пиење (On the-Go H20).

„Каква брилијантна идеја! Вакви иновации се есенцијални со цел уште повеќе да ја искористиме водата што и онака ја имаме. Потребно е сите ние да го промениме нашето однесување и што помалку да ја трошиме водата залудно, меѓутоа исто така ќе ни требаат и вакви паметни нови мали системи, како оној што го дизајнираа Даниел и Лара“, рече Ничи Расел, извршен директор во Waterwise.

Инаку возачите во просек користат околу 20 литри вода годишно само за чистење на ветробранското стакло. На патиштата низ Европа се проценува дека се движат повеќе од 291 милион возила, така што доколку во секој автомобил се инсталира ваков систем за полнење на резервоарот со вода, би се заштедиле речиси 6 милијарди литри вода на годишно ниво.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford