Студенти од Kанада направиле фрижидер кој работи без електрична енергија. Фрижидерот е евтин и лесно пренослив што го прави идеален за сиромашните рурални средини кои немаат електрична енергија.
Во светот има 1,3 милијарди жители кои живеат без електрична енергија и каде одржувањето на храната претставува голем проблем.
Уредот е наречен „WindChill Food Preservation Unit“ и содржи цевка која воздухот го поврзува со комора за испарување којашто пак е поврзана со затворена комора за ладење каде што содржината се лади преку процес на испарувачко ладење.
Системот функционира преку пасивно влечење на воздухот од околината со инка која е поврзана со цевка која е закопана под земја. Со ова воздухот веќе почнува да се лади пред да стигне до свиткана бакарна цевка што е потопена во вода во комората за испарување. Процесот на испарување е потпомогнат и од мал фен кој работи на соларна енергија. Водата што испарува околу цевката, го лади внатрешниот воздухот и потоа пак го пренесува под земја пред да влезе во комората за ладење.
Овој проект е добитник на првата наградата на „Biomimicry Global Design Challenge“ за 2015 година, каде од истражувачите и студентите се бара на направат усовршувања на глобалниот систем за прехрана, инспирирани од природата. Во тимот од Универзитетот од Кагари велат дека инспирациата ја црпеле од се во природата – од коралите и кенгурите до пчелите и слоновите, (подземното ладење како тунелите од термитите).
Следниот чекор е усовршување на дизајнот за да се постигне константна температура од 4,5 степени Целзиусови во комората за ладење, што претставува потребната температура за да се спречи расипувањето на храната. Уредот сега користи мало количество на енергија од соларен панел, но крајниот дизајн воопшто нема да користи енергија.