Филмското студио Дизни потврди дека омилениот авантурист на публиката наскоро ќе се врати на големото платно.
Претседателот на компанијата Роберт Ајгер во интервјуто за “Бумеранг Њуз“ вети нови авантури од серијалот за Индијана Џонс, додавајќи дека новиот филм е веќе во подготовка. Режисерот на овој филм, Стивен Спилберг изјави дека се додека го имаат вистинскиот глумец за оваа улога, овој филм ќе живее.
Тој неодамна истакна дека не му паѓа на памет да го мени главниот актер во овој филм.
,,Само Харисон Форд може да биде Индијана Џонс”, изјави Стивен Спилберг.
И самиот Харисон Форд, кој има 73 години истакна дека не би сакал да ја пропушти приликата да го глуми Индијана Џонс во уште еден филм. Првиот филм од оваа популарна франшиза се појави во далечната 1981 година, а последното продолжение беше објавено во 2008 година.