Актерката Шарлиз Терон присуствувала на гала забавата по повод 66. Филмски фестивал во Берлин, и ги засенила двојно помладите колешки кои се појавиле на црвениот тепих.
Шарлиз блескала во едноставна, но сексапилна црна тоалета до подот, која го истакнала негуваното деколте.
Иако оваа година полни 41 година, за Шарлиз може да се каже дека изгледа совршено. Покрај тоа што ја краси физички изглед, убавата актерка има и харизма, а нејзините соработници откриваат и дека е духовита. Токму тие особини ѝ овозможиле по неа да лудуваат мажи ширум светот, а последната врска за која се знаело била таа со Шон Пен, со кого се забавувала околу една и пол година.
Ја раскинале врската кога актерката престанала да му се јавува, а Шон некое време потоа бил целосно очаен. Меѓутоа, убавицата не се грижи премногу, туку ужива во друштвото на посвоениот син Џексон, кој е член на семејството од 2012. година.