Го свртив грбот кон тебе,
само ти не слушна.
Тешка коцка
од врисок во ќошот
се полни со лудило ,
ама ти не виде.
Блескаат три бои необоени
проѕирни и површни
и за кое чудо
нив ги почувствува.
Нека , нека биде така.
Спокојно го прегазив
зајдисонцето со троскок
во изгревот утрински.
И еве тука една одаја.
Празна и ладна !
Кобна !
Со плеќи го потпрев товарот
кој натежнува.
Апсурдно е , само со една линија
светот да се нацрта.
Трчање во место е тоа.
Ми преостана , само јас и јас.
Сочна Јатката извадов.
Автор: Милица Паулус