Огнен зрак, крај брегот одломки жар,
во заносниот морски бран, искри копнеж и плам
Во овој ѕвезден мрак, ти си мојот месечев пат
Биди беспоштедно див, ноќва не сакам ветер тих,
гледаш и на брановите не им е лесно, препушти
се на мене, дојди да танцуваме бесно
Фатени на дело како пирати во пенливото крајбрежно
легло, креираме совршено ремек -дело, од нашето мокро тело
Кога лицето сонце го покрива, чиниш како ноќта во
ден да се претвора, кога срцето болскоти во
нерамномерни тактови, натопи ги усните суви, од
моите бакнежи како овошки румени,
кои ти шептат чедно вљубени :
НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ВЕЧЕРВА ДА ИМА ПРАВИЛА,
ПРЕПУШТИ СЕ НА ЉУБОВНАТА МАГИЈА
Ивона Дамеска ~ Ида ( “Душата на дланка”, 2013г.)