Српската пејачка Тања Савиќ наводно одлучила да ја продаде куќата, која пред четири години почнала да ја гради во белградската населба Велики Мокри Луг – пишува српски Ало.
Кога го купила плацот, во оваа недвижнина Тања требала да вложи половина милион евра, но со оглед на тоа што во моментот не може да си ги врати парите, пејачката одлучила да ја продаде куќата по половина цена.
Пејачката наводно била принудена на овој потег поради финансиската криза во која се нашла. Откако со своето семејство се вратилаод Австралија, пејачката не работи со оној интензитет како што очекувала, па решението го пронашла во тоа што решила под итно да ја продаде недвижноста.
Во одлуката да ја спушти цената на овој имот ја поддржал и нејзиниот сопруг Душан, и фокусирани се на тоа што побрзо да најдат купувач, бидејќи и биле потребни парите.
Најприн за да купи стан во кој би живеела со своето семејство, но и за секојдневни потреби.
Тања и порано сакала да ја продаде оваа куќа бидејќи не и се допаѓало тоа што е далку од ценатарот на градот, но тоа не можела да го стори бидејќи нејзиниот татко недвижноста ја напишал на свое име и не давал дозвола да се продава.
Поради тоа пејачката извесно време не била во добри односи со својот татко. Сепак на крај се смириле, а татко и ја вратил куќата.