Со поглед мил,
целиот тажен сум се скрил.
Везден сон сонам
и, во живот мој си тонам.
Со мака на глава
и со болка на срце
со поглед мил,
целиот сум се свил.
Со осаменоста другарувам
со темнината преноќувам
а, со светлината
секој ден се збогувам.
Поглед мил над мене си живее
и свој живот за век си милува.
Со насмевка на лицето седи,
и фантазии свои си реди.
Автор: Андреј Јанков