Од просечните 5,39 социјални мрежи на кои корисниците имаат отворени профили, активно се користат нешто помалку од три платформи, а на нив дневно поминуваат дури 1 час и 40 минути.
Бројот на активни корисници на „Фејсбук“, најзастапената социјална мрежа во светот опаѓа, додека расте бројот на корисници на „YouTube“, покажуваат резултатите на истражувањето на „Global Web Index“.
Истражувањето покажало дека претходната година „Фејсбук“ останал на врвот по бројот на корисници и популарноста помеѓу просечните интернет корисници. Меѓутоа, бројот на активни корисници паднал за цели 9 проценти во однос на претходната година.
Тоа значи дека помеѓу тинејџерите „Фејсбук“ е на дури трето место, над него се „YouTube“ и „Instagram“. Корисниците помеѓу 16 и 19 години најмногу користат „YouTube“, „Instagram“, „Twitter“ и „Snapchat“, при што „Snapchat“ помеѓу тинејџерите во САД е далеку попопуларен од „Facebook Messenger“ и „WhatsApp“. Тоа го потврдува и податокот дека младите со дури 3,5 пати поголема веројатност ќе користат „Snapchat“ во однос на просечен корисник на интернет.
Според истражувањето на „Global Web Index“, од просечните 5,39 социјални мрежи на кои корисниците имаат отворени профили, активно се користат нешто помалку од три платформи, а на нив дневно поминуваат дури 1 час и 40 минути.