За време на Студената Војна, Унгарија беше еден од најголемите сојузници на Советскиот сојуз. Како членка на Варшавскиот пакт, Унгарија имаше обврска да прими советски трупи и воена опрема на нејзината територија. Токму тука, се наоѓа една од најголемите тајни воени бази на Советскиот сојуз.
Станува збор за база лоцирана во шума во западниот дел на државата, каде работеле само луѓе од Советскиот сојуз, дури и хигиеничари. Ова место го нарекувале Мала Москва.
Откако била откриена, пронајдени биле два подземни бункери, каде советските војници чувале повеќе од стотина нуклеарни бомби. Ова место го нарекувале Мала Москва, бидејќи тука работеле само луѓе од Советскиот сојуз, дури и хигиеничари.
Денеска воената база е напуштена и иако е под контрола на Унгарија, воопшто не е заштитена и речиси секој може да влезе и да прошета во неа.