Оваа непозната девојка прерасна во вистинска интернет сензација откако минувач во Лондон ја фотографирал од зад грб додека таа чекала превоз.
Всушност, она што ја заскокотка фантазијата кај јавноста е црвениот предмет кој што “ѕирка” од нејзиниот незакопчан ранец.
На прв поглед се работи за црвен вибратор кој личи како срамежливо да ѕирка низ патентот.
Стеф Бери кој ја фотографирал девојката и нејзиниот “мистериозен предмет”, досега на Facebook успеа да заработи повеќе од 700 лајкови како и бројни коментари низ кои што луѓето се обидуваат да откријат за што точно станува збор.
Има и такви кои што предлагаат дека се работи за шише шампањ, флејта, па дури и дршка од чадор.