Висококатниците стануваат сè почест архитектонски израз во урбаната средина а вистински предизвик за нивна изградба е нивната флексибилност и отпорност на ветер.
Вообичаено, овој проблем може да се реши со поставување на клатно, со чиј товар поставен на врвот на облакодерот, ќе се намали инерцијата на масата.
Но, традиционалното решение не е во целост ефикасно кај мегаградбите бидејќи во тој случај и клатното станува вистински проблем.
Инжинерите дошле до нова идеја. Да креираат пригушувачи кои се магнетно поле кое се прилагодува според надворешните услови.
Оваа идеја во моментов се имплементира на облакодер од 631 метар во Шангај. Маса тешка околу 1.000 тони е прицврстена на челичните кабли и таа се ниша, слично како клатното. Но, она по што се разликува е во тоа што овој систем го спречува клатното да се ниша премногу силно и пребрзо.