Возрасен Норвежанец заглавил три седмици во северногерманскиот град Хановер, период додека да најде каде го паркирал својот автомобил.
На патот од Андора кон Осло, 78-годишниот Бјорн Брандфолд одлучил да преноќи во Хановер, и возилото го паркирал во странична уличка и тргнал на прошетка во центарот на градот.
Но, проблемот се јавил кога го изгубил ливчето со името на улицата каде го паркирал автомобилот, раскажува локалната жителка Гертруд Кројтер, која помогнала на мажот да го најде возилото.
Човекот си го нашол возилото откако жената се јавила во локален весник и им јавила на граѓаните дека пред вратата и е паркиран автомобил со необичен регистарски број.
– Долгото и обесхрабрувачки барање сепак изгледа помогна за создавање на едно пријателство – бидејќи Кројтер рече дека планира патување до Норвешка.