Овој шатор е новиот изум на една непрофитна организација, која го замислила целиот проект како помош за милионите бегалци ширум светот.
Тој може да собира дождовник и неговиот дизајн е инспириран од традиционалната ткаенина.
Шаторот кој е дело на архитектот и дизајнер Абир Секалиима, има двоен слој за неговата внатрешност да остане сува и топла, а во летните месеци внатре да биде постудено отколку надвор.
Дождовникот кој се собира во шаторот може да се филтрира и да се користи за пиење, а исто така може со системот за термосифонија да се грее и да се користи за туширање.
Соларната енергија се пренесува од материјалот на шаторот до батеријата, и навечер може да служи за напојување на изворот на светлина.
, ги дизајнирал овие шатори за сите оние кои сакаат повторно да го “исткајат својот живот”.