Највисокиот облакодер во Лос Анџелес U.S. Bank Tower” неодамна го доби својот тобоган кој е поставен покрај фасадата на 70-тиот кат од зградата.
Тобоганот кој е долг десетина метри всушност поврзува две различни нивоа на објектот. Тобоганот е направен од силен, но провиден материјал, така што оние најхрабрите кои ќе се осмелат да се спуштат низ него, ќе имаат чувство дека летаат.
Контрукцијата на несекојдневниот тобоган од 280 метри над земјата започнала во март, а претставува почеток на реновирањето на целата зграда која на крајот ќе чини околу 100 милиони долари.