Отворена последната Coca-Cola Активна зона за 2017 г.

Спонзорирани линкови

Во присуство на голем број граѓани, спортисти, рекреативци, претставници од Пивара Скопје, како и градоначалникот на Град Скопје, денес, на 10.11.2017 година беше отворена десеттата „Coca-Cola Активната зона“ што Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola ја донираа на Градот Скопје.

Проектот „Coca-Cola Активни зони“ се реализираше во повеќе општини ширум земјава во соработка со локалните самоуправи и вклучува поставување фитнес-зони на отворено, опремени со најмодерни професионални справи за вежбање, достапни 24 часа на сите граѓани без никаков надоместок.

Проектот е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola за промоција на физичките, спортски и рекреативни активности и вложување во заедницата, како основа за создавање навики за активен животен стил и мотивирање на граѓаните редовно да спортуваат и да се рекреираат.

„Со Скопје ја заокружуваме и втората година од овој значаен проект и осврнувајќи се на овие две години во кои дониравме вкупно 10 активни зони, без сомнение, можам да кажам дека луѓето од сите генерации што секојдневно ги користат справите за спорт и рекреација се доказ дека ’Coca-Cola Активните зони‘ се успешен проект што навистина успеа да го поттикне спортскиот дух, дури и кај оние што досега не се занимавале со спорт. Токму затоа, Пивара Скопје во соработка со компанијата Coca-Cola, како општествено одговорни компании, ќе продолжат во насока на реализација на проекти што го промовираат активниот начин на живот, бидејќи редовната физичка активност и спортувањето се императив за градење одржлива иднина и заедница во која живее спортската култура“, изјави Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

„Навистина ми е чест што Градот Скопје е повторно дел од овој проект, преку кој заедно со Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola имаме можност да ги мотивираме граѓаните редовно да спортуваат и да практикуваат активни животни навики, дотолку повеќе што оваа зона е бесплатна за користење и е достапна за сите. Нашата цел е да имаме чист, модерен и безбеден град и граѓани што се грижат за себе и за својата средина. Токму затоа, ’Coca-Cola Активната зона‘ е од големо значење за Градот Скопје и апелирам до граѓаните на овој град да ја чуваат и да се грижат за неа“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Оваа активна зона е всушност втора донација во Скопје, по првата, која минатата година беше отворена во Општина Гази Баба и која истовремено го означи стартот на долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola. Од другите општини, своја „Coca-Cola Активна зона“ добија Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар и Радовиш, а од Пивара Скопје најавуваат дека веќе од следната година проектот би имал и свое продолжување, со цел да одговорат на сè поголемиот број барања од граѓаните за отворање нови активни зони, сè додека не се покрие целата територија на земјата.

Во насока на промоција на спортскиот дух, вложување и грижа за заедницата и животната средина, преку оваа платформа на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola досега беа реализирани и други успешни проекти, како фудбалскиот куп Coca-Cola и повеќето бесплатни паркиралишта за велосипеди што Пивара Скопје ги донираше на Градот Скопје, со цел поттикнување на велосипедската култура и промоција на велосипедот како алтернативен и еколошки транспорт.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Екслузивно со Стеван Стеванович: Неоткриени детали од прославата на РК Вардар но и од приватниот живот
Новогодишни анимирани филмови кои ќе ви го стоплат срцето овие празници
Баскерфест 2018 збогатен со многу нови забавни содржини
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Интервју со Д-р Ангелчо Андоновски: Каква е состојбата со морбилите и како детската болница „Козле“ се справува со нив?
Отворено со Д-р. спец Ангелчо Андоновски
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Направи сам: 9 идеи за новогодишни украси
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Одвојте време за работите кои ги сакате: Новогодишно видео кое ќе ви го стопи срцето
7 идеи како да ги искористите сијаличките во домот за да изгледа како новогодишна бајка
Лемурите од скопската Зоолошка градина прогнозираа победник на Светското првенство
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford