Елора Харди порано важела за успешна деловна жена и една од централните фигури на њујоршката модна сцена, но еден ден решила да напушти се и да замине за Индонезија каде сега изработува одржливи куќи од бамбус.
Таа веќе со тоа се занимава цели 5 години. Нејзиниот тим користи бамбус како основен материјал бидејќи е исклучително цврсти отпорен, а освен тоа инсектите неможе да го нарушат.
Елора веќе пет години гради одржливи куќички од бамбус за кои вели дека се потценети без причина, и дека се идеално обновливи.
– Бамбусот е одржлив материјал кој нема да исчезне. Тој има сила на притисок како бетон, цврст е и тежок како челик, и е едно од најбрзо растечкит билки во природата. Штетата од инсектите и влагата се негови основни слабости, но доколку се лекуваат, структурите од бамбус може да траат цел живот – изјавила Елора.