Балканската верзија на светски познатото реално шоу “Големиот брат” од септември се враќа со нова сезона.
Последната сезона на Големиот брат со обични кандидати (не ВИП) имавме можност да ја следиме во 2011 година кога победи Хрватката Маријана и кога наш учесник беше Лестер.
Шоуто од септември ќе се емитува во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Хрватска, а кај нас ќе го пренесува Сител телевизија.
Пријавувањето е во тек и за Македонците кои сакаат околу 100 дена да живеат затворени во најоткачената куќа во регионот.
Сите кои сакаат да се дел од ова реално шоу и да покажат кои се и што се, може да аплицираат ОВДЕ.