Славниот танчер и пејач Џоле Џогани одлучи да ги бојкотира медиумите затоа што естрадните личности како него немаат место во медиумите поради личностите од реалните шоуа.
Тој вели дека седмата сила го запоставува поради некогашните учесници на Парови.
Јас сум институција за овие од Парови. Кога и да ги отворам медиумите, тие се најмногу застапени. Разбирам дека се гледани, но јас ги гледам само нивните фотографии и ништо повеќе.
Зошто четири страници во магазините се нивни, а две се за естрадата? Што барам јас тогаш меѓу нив?! Кој го интересира што вели Џоле?
Никогаш не сум сакал да давам интервјуа бидејќи за разлика од останатите не сум човек што сака да се фали. Посветен сум на работата и семејството, изјави тој.