Харис Берковиќ, победникот на деветата сезона на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, ги доби клучевите од станот, кои ги освои по триумфот во музичкото натпреварување.
Пред продукцијата на Гранд клучевите од станот на победникот на „Ѕвездите на Гранд“ му ги врачија ПР менаџерот и водител Весна Милановиќ и заменик директорот на Гранд телевизија и водител Горан Петровиќ.
– „Сеуште не сум свесен за сѐ што ми се случува. Пресреќен сум, многу возбуден и одушевен од станот. Да се добие стан во Белград е повеќе од награда, да се биде дел од продукцијата на Гранд е повеќе од исполнување на сонот. Навистина ќе се трудам да ја оправдам довербата кои ми ја укажаа луѓето кои гласаа за мене. Уште еднаш, благодарам за сѐ“ – рече Харис.