Во текот на гостувањето во ток шоу емисијата на Џими Кимел, аткерката Шарлиз Терон се присети за тоа како во една прилика го поканила американскиот претседател Барак Обама во стриптиз клуб.
Нејзиниот коментар се однесувал на претходното гостување во емисијата на Кимел кога Обама изјави дека му е мило што учествува во емисијата и оти може да се обиде да „освои“ нови гласачи од другите демографски групи.
По тоа направи долга пауза и јас повеќе незнаев што да кажам. Единствено што се сетив беше: – Па ако барате гласачи на нови места, можам да ве однесам во стриптиз клуб, откри Терон пред да се насмее и го покри лицето со рацете.
Таа додаде дека со недели по тоа не можела да спие, затоа што и било непријатно: – Ги затворам очите и мислам „О Боже мој, јас тоа го реков. О Боже мој, зошто тоа го реков?
Кимел упати аплауз за храбоста и предложи на сите идни претседатели да ја испрати истата покана.
„Да му го предложеше тоа на Клинтон, веројатно се уште ќе бевте во стриптиз клубот“ – се пошегува водителот.