На интернет кружат информации за кои нема ни да верувате дека постојат. Една од тие е и информацијата за тоа колкава километража поминале Фродо и Семвајс во „The Lord Of The Rings”?
Според деталната анализа на мапите на Толкин, патот од Хобитон до планината Маунт Дум изнесува 2172 километри. Овој пат би го поминале за 440 часа пешачење. Еквивалент на ова епско патување од Хобитон до Маунт Дум е пешачење од Лондон, Англија до Ниш, Србија.