Оваа вест е одлична за фановите кои одамна чекаат да ја видат “Wonder Woman“ на големото платно, како една од најмоќните хероини, грчка божица и модерна деловна жена која може да биде силна и покрај Superman.
“Wonder Woman“ првпат ќе се појави во претстојниот мега спектакл “Batman v Superman: Dawn of Justice“, но таму ќе има помала улога, па затоа со нетрпение очекуваме да видиме што ќе донесе нејзиниот соло филм.
Главната улога секако ќе и биде доверена на Гал Гадот која барем во првите снимки покажа дека е добар избор, има моќна фигура и треба да се справи со предизвикот иако почетните реакции кон неа беа негативни.
Wonder Woman ќе го режира популарната режисерка Пети Џенкис која се докажа со Monster, a ќе глумат и Крис Пајн, Хенри Кавил, Бен Афлек и Реј Фишер.