Шкотскиот актер Џејмс Мекавој кого следната година ќе го видиме во “X-Men: Apocalypse“, оваа есен ќе ни го претстави “Victor Frankenstein“.
Нова адаптација на Frankenstein, новелата од 1818-та година на Мери Шели.
Victor Frankenstein ќе ја раскаже приказната за почетоците на младиот студент по медицина, Виктор Фанкенштајн од поглед на неговиот асистент Игор и од поглед на чудовиштето кое Виктор ќе го создаде. Младиот Франкенштајн ќе се обиде со необични методи да пронајде лек за многу болести, но неговите експерименти ќе добија поинаков правец кој ќе создаде хаос и конфузија.
Во улогата на Игор ќе го видиме Даниел Редклиф, а покрај двајцата актери ќе се појават и Џесика Браун Финдлеј, Ендру Скот и Калум Турнер.
Адаптацијата на новелата ја направи Макс Ландис, кој го напиша сценариото за Victor Frankenstein, а зад режијата застана Џон Мекгајдан.
Премиерата е закажана за 25-ти ноември оваа година, а до тогаш погледнете го првиот трејлер.