Новиот серијал ,„Моето мало семејство” ги следи Ден и Мишел Хамил заедно со нивните три деца: шестгодишниот Џек и тригодишните близначки Кејт и Цеце. Како и сите , тие се обидуваат да го балансираат животот меѓу работните обврски и времето кое го поминуваат со семејството, но со една разлика: сите се со џуџест раст.
Не е лесно да се расте со вакви предиспозиции во овој голем свет. Џек, Кејт и Цеце како што растат стануваат се посвесни за нивната различност. Ден и Мишел ги растат своите деца водени од нивното искуство и им помагаат да ги надвладеат физичките препреки и злоставувањето од околината. Со еден збор ги подучуваат како да се снаоѓаат во светот кој не е граден за нив. Најважната работа за ова семејство е нивните деца да пораснат во силни и горди луѓе кои ќе знаат дека и покрај нивната висина тие се еднакви со остатокот од светот. Светото е голем и никогаш не се знае што ги чека зад аголот, но Хамилови заеднички можат да се справат со сите потешкотии.
Проследете ја првата епизода во сабота, 7 ноември во 20ч. на ТЛЦ и секоја нова епизода секоја сабота во истиот термин.