Додека љубителите на авантурите на Хари Потер ќе мораат да чекаат уште 11 месеци до пристигнувањето на филмот „Fantastic Beasts and Where to Find Them“ во кино салите, ново специјално видео излезе викендов прикажувајќи делови од зад сцените на снимањето на магичниот свет на авторката Џ.К. Роулинг (J.K. Rowling).
Три минутното видео претставува еден нов поглед кон светот на волшебниците, поставен во Америка во 20-тите години. Видеото е објавено од Warner Bros. на специјалниот настан за обожавателите – „Прослава на Хари Потер 2016“, во паркот Wizarding World of Harry Potter во студиото Universal.
Во клипот ќе проследите интервјуа со дел од актерската екипа, вклучувајќи ги Еди Редмејн (Eddie Redmayne), Алисон Судол (Alison Sudol), Кетрин Ватерстон (Katherine Waterston) и Ден Фоглер (Dan Fogler), како и со режисерот Дејвид Јеитс (David Yates), кој е човекот позади последните четири филма од серијалот на Хари Потер.
„Fantastic Beasts and Where to Find Them“ ќе ја доживее својата светска премиера на 18-ти ноември оваа година.