„Лукас Филм“ го најави она што обожавателите долго го посакуваа, нов „Индијана Џонс“. Иако се планираше да се направи одреден римејк, Харисон Форд и Спилберг потврдија дека сепак се работи за ново продолжение, закажано за летото 2019 година.
-Индијана Џонс е еден од најголемите холивудски јунаци и едвај чекаме да го вратиме на големиот екран. Реткост е да се има ваква екипа која работи на филмот, изјавил Алан Хорн, претставник на „Дизни“ студиото.
Познатиот археолог авантурист прв пат се појави во 1981 година.