Ед Стафорд совети за преживување

Спонзорирани линкови

Првиот човек кој го испешачи Амазон од неговиот извор до точката каде се влева во Атлантскиот океан, се враќа на Дискавери со нов предизвик.

Новата сезона на серијалот „Сам на светот- со Ед Стафорд” започнува на 19 јуни во 21 часот. Во секоја од шесте епизоди, Ед заминува десет дена на локација на која ако немате никакво искуство на преживување во дивина, може да го изгубите животот за неколку часа. Овој предизвик е поинаков од претходните бидејќи тој со себе има само камера и пар пантолони. Преживување без храна, вода, дури и без нож.

Гватемала, Намбија, Норвешка, Филипини, Патагонија и во Монголија ќе помине по десет дена за да докаже дека може да ја совлада природата само со една камера. Пустината Гоби во Монголија, ќе се покаже како најтежок предизвик ако се земе во предвид дека само еден еж го спаси да не умре од глад.

Ед Стафорд ве советува што треба прво да направите ако се изгубите во дивина:

„Застанете. Оној момент кога ќе сфатите дека сте изгубени, седнете и длабоко вдишете. Последната работа која сакате да ја направите е да погодувате каде се наоѓате и да тргнете во непознат правец. Кога ќе се смирите, прво што треба да направите е да истражите неколку различни правци и да побарате некоја позната точка која може да ви помогне. Полека но сигурно составувајте ги коцките за она што го знаете и на тој начин повратете ја контролата над ситуацијата. Големи се шансите дека по неколку обиди ќе го пронајдете вистинскиот пат. Добрата работа кај оваа метода е што по неколку обиди во различни правци ако не го откриете вистинскиот пат, ќе откриете работи кои ќе ви помогнат да преживеете, како извор питка вода, засолниште или храна. Сите овие информации може да бидат од пресудна важност ако се најдете во ваква ситуација подолг период.”

Како да знаете дали водата е питка:

„Секој извор кој извира директно од земјата, најверојатно е чист бидејќи поминал преку филтрација преку карпи, камења и земја. Во недостаток од ваков извор, барајте вода што брзо тече и е чиста. При консумација на вода од река, секогаш постои одредена доза на ризик- никогаш не знаете дали по течението има изгинато некое животно и на тој начин ја има контаминирано водата.”

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford