Д-р Стојановски: Грижата за забите започнува со излегувањето на првото запче

Спонзорирани линкови

Блескавата насмевка инстантно привлекува и е сигнал за добро орално здравје. Редовните посети на стоматолог и миењето на забите се од суштинско значење за здравјето на забите, но и консумираната храна има голема улога во одржувањето на денталната хигиена. Додека некои видови храна повеќе ги уништуваат забите или им оставаат дамки, други ги чистат забите, ги убиваат бактериите во усната шуплина и штитат од кариес. За овие и сите работи околу здравата насмевка оваа недела разговараме со Д-р Маријан Стојановски, стоматолог во ПЗУ Д-р Стојановски.

Од своето долгогодишно искуство, која е Вашата оценка колку луѓето во Македонија се грижат за здравјето на својте заби?

-Во Македонија лугето се грижат за забалото, но, нема да згрешам ако кажам дека во голем број случаи тоа  е недволно. Инциденцата или појавата на кариес е сеуште на виско ниво за разлика од Западно-Европските земји,така да има простор во унапредување на и хигиената и во елиминирање на штетните навики на граѓаните.

Кои се најчестите заболувања кај малите дечиња?

-Број еден заболување на забите кај децата е секако појавата на кариес. Во Македонија сеуште има родители кои се со став дека млечните заби не треба да се четкаат бидејки ке се менуваат. Тоа е погрешно и од тука започнуваат сите проблеми понатаму.

Каков е случајот кај повозрасните пациенти, кои се најчестите заболувања кај нив?

-И кај возрасните кариесот е број еден проблем. Број два проблем е воспаленитето на меките ткива.И двата проблеми  се комбинација на нередовна хигиена и штетни навики, како кафе,цигари,чоколади итн…

По колку заби со кариес во просек има еден возрасен, а колку децата?

-И кај возрасните и кај децата сликата е иста, или имате неодржувано, несанирано забало во кое има и кариес и инфекции или имате санирано ,чисто и одржувано забало без кариес и воспаленија.

Познато е дека храната има влијание врз здравјето на забите ,која храна треба да се избегнува , а што повеќе да се конзумира?

-Нема да кажам ништо ново ако го повторам тоа што сите го знаеме ,а тоа е дека треба што повеќе да се избегнуваат готови шекери и дека треба да јадеме разновидна и свежа храна, но навиките во исхраната се сменети, лугето се помалку јадат, соџвакуваат свежо овошје и зеленчук, а се повеке храната се блендира. На тој начин немаме физиолошко самочистење на забите. Блендираниот оброк (напиток) ги ослободува шекерите и останатите материи уште во усната празнина и овој тренд  доколку е секојдневен  и долготраен  со сигурност ќе направи несакани промени во устата.

Како да стекнеме примерна навика кај најмалите?

-Најголем пример за децата сме ние родителите,се што правиме тие  во развојот впиваат и понатаму истото ке го прават. Ако ние редовно ги четкаме забите и се грижиме и тие ке четкаат и ќе стекнат здрави навики.

Која е најправилната техника на миење на забите и на што треба да се обрне внимание при купување на подобри четки?

-Има мноу техники на четкање и сите се добри, би се задржал на времетраењето на четкање. Тоа многу често е прекратко и недоволно.Затоа четкајте убаво барем три минути ,со било која техника се ке исчистите. За купувањето на четките нема да згрешите доколку користите професионални програми за орална хигиена.  Цела моја досегашна кариера, довербата ја дадов на LACALUT  DR.THEISS програмата, низ годините се уверив дека тоа навистина им помага и нуди придобивка на пациентите од сите возрасти.

Што подразбира здравата насмевка кај една индивидуа?

-Здрава насмевка, или широка насмевка полна со заби влијае многу во самодовербата и кај мажите и кај жение. Негувано или санирано забало е одлика на секоја урбана индивидуа.

Како приватна здравствена ординација, делувата на подигнување на свеста за грижата за оралното здравјекај вашите пациенти?

– Секој пациент што ја дал довербата на тимот во Д-р СТОЈАНОВСКИ  по завршената работа е испратен со совет за унапредување на оралното и општото здравје.

На колку месеци е задолжителна контрола на стоматолог?

– Во принцип се оди на шест месеци но во зависност од состојбата и ситуацијата на која наидуваме кај поедини пациенти таа може да биде и на пократок рок како на пример на три или четири месеци.

Од која возраст препорачувате да се користи четка за заби?

-Четкање на забите започнува со појавата на првото запче во устата.

Што е подобро според вас употреба на интердентална четка или забен конец?

– И конец и четка, на кој како му е попријатно.

Кои соматолошки услуги можат да се добијат кај вас?

– Сите превентивни и терапевтски услуги кој што се составен дел од една модерна стоматолошка пракса.

Како се справувате со упаничените пациенти и пациенти кои имаат страв?

-Модерната стоматологија е во 90% од  случаите комплетно безболна. Пациентите со паничен страв кај нас после првата посета  се без страв и  комотни да ги довршат наталожените стоматолошки проблеми.

Најдолгата и најкомплексна интервенција од што се состоела и колу траела?

-Тимот на Д-р СТОЈАНОВСКИ е обучен да работи интервенции од повеке гранки во стоматологијата, но најдолга и најомплексна  инервенција може да биде и работа со детенце кое не соработува. Нема ништо поблагодарно од тоа  да се санира заедно болка кај детенце.

Дали вашата ординација работи со Фондот за здравство?

-Да , ПЗУ Д-р СТОЈАНОВСКИ има склучено договор со  ФЗОМ.

Која е најмодерната и најактуелната стоматолошка услуга што најчесто е побарувана кај вас?

-Тимот на Д-р СТОЈАНОВСКИ ,ги прати трендовите во стоматологијата ,како активен учесник на сите балкански, некои европски и светски конгреси на кој ја презентираме нашата клиничка работа. Трендовите во имплантологијата,естетската протетика,денталната козметика и можеби најважното – санација на болката се наш постојан инерес. Прилично е актуелна имплатологијата кај пациентите. Затоа ние имаме посебен пристап во имплантологијата ,посветени сме на унапредување на нашата инплантолошка  работа,учествувајки во работата на минимално инвазивни техники на SCHUTZ DENTAL GRUP, преставени  во Македонија од ВЕЛИДЕНТ ТРЕЈД. Премиум имплантот IMPLA, како стабилен германски бренд  секогаш  ги оправдува  нашите  максимални  заложби при секоја имплантолошка инервенција.

ПЗУ Д-р СТОЈАНОВСКИ

Ул.Партизански одреди 17/1

1000 Скопје

ТЕЛ:02 32 33 111

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford