Влатко Илиевски: Паузата завршува, следуваат нови музички хитови и бројни концерти

Спонзорирани линкови

Влатко Илиевски, млада, шармантна, креативна музичка икона. Пее, игра, настапува, глуми… Следниот перидот најавува нови бројни хитови и концерти. За сите млади таленти ни ја открива и формулата за успешен музичар. 

Што прави Влатко во слободното време? Како се релаксираш, каква музика слушаш по дома?

Слободно време многу немам….но и кога има слободно секогаш е поврзано со музика…или со патувања на некој настап или проба снимање…

Музика по дома, не слушам, бидејки сум ретко дома…а најчесто кога слушам тоа е во кола. Станува збор за некои мои песни кои се во фаза на подготовка…или некоја песна што треба да се спреми за некој следен настап.

На кој момент од твојата кариера си особено горд? Која твоја песна ја сметаш за твој најголем успех и хит?

– Можам да ја поделам кариерата засега во три дела, почетокот со Морал во 2001 година до 2005 кога направивме голем успех со албумот “Кога патувам“, многу настапи, турнеи, гостувања, пориодот од 2007 кога започнав соло кариера која во почетокот тргна одлично и период од 2010-2012 кога ги направив трите големи концерти во Скопје, во Борис Трјаковски, Унверзалн и МОБ и кога ја претставував Македонија на Евровизија со Русинка во Дизелдорф. После ова имам некоја поголема креативна пауза која ке заврши после летово и од Септември започнувам еден нов за мене најубав период која што ќе резултира со голем успех и многу хитови и концерти…

Спротивно на успехот, ти се случило ли некогаш бламирање и срамотење, некоја непријатна ситуација во јавност?

– Искрено не се сеќавам… обично секогаш однапред се распрашувам каде сум со кој,  зошто, како, истражувам, испитувам… а и да имало не би сакал да се сеќавам на тоа 🙂

Постои ли пријателство на естрадата? Се дружиш ли со твоите колеги приватно?

– 90% од моите најблиски пријатели се тукму од естрадата. Со некои се познавам и повеќе од 15-20 години. Ние сме како една мала фамилија, не сакам да ги набројувам кои се, но ние се се знаеме, како дишиме, како фунционираме, знаеме кога на некој не му е момент време, знаеме многу тајни кои не би биле за во јавност… а би биле навистина интересни за јавноста и за насловни страни.

Според тебе, има ли суета и љубомора на македонската естрада?

– Секогаш и секаде има суета и треба да има. Имаше  еден убав период пред 10-тина година кога навистина одлично фунционираше нашата естрада, сега малку се е застанато, се појавуваат многу нови ликови од реални шоуа, емисии во кои пеат туѓи песни. Но ќе кажам, пејач го прави песната, исто како фудблаерот -головите или глумецот – улогите…

Се живее ли добро во Македонија од музика?

– Секој има свој периот во кариерата кога му иде на дообро и кога не му иде. Секакко дека кога ти е моментот можеш добро да живееш и да функионираш одлично за живот од тоа, каде си во моментот на радиостаниците, на ТВ или со колку народ ги полниш салите… но има и некои кои имаат веќе многу направено и можат слободно ништо да не работат и да живеет од тоа што го сработиле до сега. Но да се дојде до тоа треба многу, многу работа и многу жртви направени и многу луѓе и работи добиени и изгубени во животот.

Кој ги одбира девојките за твоите спотови?

– Секогаш јас!

Дали музиката е твојот единствен избор, или постои љубов и кон некоја друга професија? — Музиката ми е примарна професија со која се бавам повеќе од 15 години и во која имам вложено многу труд и од која можам да егзистирам. Завршив драмски факултет глума, па годишно имам и по некој тв проект, филм, серија или некоја премиера во театар.

Едноставно гледам што и да правам да биде направено префесионално до крај, па оставам публиката да одлучи.

Активен си, вежбаш, спортуваш?

– Од понеделник.

Сведоци сме на песни преполни со емоции a приватноста ја криеш за себе. Ја пронајде ли Влатко својата понежна половина?

– Ќе ја пронајдам, ќе ја изгубам, но не сум нешто заинтересиран да се врзувам. Можам да кажам дека сум ги имал сите што сум сакал да ги имам ама изгледа кратко ми трае таа желба или па не сум бил озбилен во моментот… Како и да е има време ?

Има ли Влатко свој идол?

– На секои 2-3 недели имам некој нов идол. Идол ми е секој што е успешен во тоа што го работи, без разлика дали е музичар, актер, спортист, бизнисмен, уметник … Идоли ми се секогас успесни насмеани позитивни лугје

Што би ги советувал младите кои својата иднина ја гледаат во светот на музиката?

–  Многу работа на патот до успехот, мора да се борат да снимаат, да творат а времето ќе покаже и ќе избере кој е добар а кој лош, која песна е хит а која не е, само би ги советувал никогаш да не се бават со политика…

Каде планираш да го поминеш летниот одмор?
– Нема кај мене годишни времиња, кога е зима свириме во зимски места, кога е лето на летни фестивали и клубови. Мислам дека ова лето најмногу ќе го поминам во возење низ Македонија за да настапам на колку може повеќе места.

Што ќе им препорачаш на сите оние кои ја читаат ЗАБАВА?

-Поздрав до сите што читаат ЗАБАВА.мк, да продожат да читаат, да си поминат летово најлудо и најубаво што можат и да бидат здрави и живи. Да слушаат музика и да баталат политика…

Ти се допаѓа? Следи не на Фејсбук и прочитај уште милион вакви текстови…

 

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford