Вакцинирање? За или против според Д-р. Ангелчо Андоновски

Спонзорирани линкови

Koj e Д-р.Ангелчо Андоновски?

Па првин на самиот почеток би се претставил едноставно, лекар , хуманист кој ги сака дечињата а и воопшто луѓето иако најискреното нешто што го добивам е од дечињата, нивната насмевка и задоволството во очињата кога веќе не ги боли ништо тоа за мене претставуваат дар. Инаку роден во Скопје , детството го поминав во Куманово и со почетокот на студиите се вратив во Скопје каде продолжив да се школувам и ги започнав студиите на Медицинскиот факултет Скопје за да подоцна продолжам на Тракискиот универзитет во Стара Загора каде и магистрирав и ги завршив студиите по медицина стекнувајќи се со многу знаења и искуство и една диплома од еден од најстарите универзитети на Балканот. По завршувањето своите лекарски чекори ги почнав во Кумановската болница заедно со својот татко кој е хирург а потоа продолжив и во државната клиника. Подоцна следеше период на работење во голем број  фармацевтски компанији како маркетинг менаџер. По завршувањето и колектирањето и на тоа прекрасно искуство одлучив да се вратам на медицината и лекувањето и запишав специјализација по Педијатрија при Универзитетската Детската клиника Скопје. Благодарејќи на упорноста и на големата лична заложба и труд и несебичната помош од страна на професорите , лекарите и севкупниот персонал на Детската клиника успеав да завршам во рекордно време и да ја понесам долгопосакуванота стручна титула специјалист педијатар. Тој момент за мене претставуваше нешто големо нешто толку драгоцено а исто така и еден благословен повик да им се помага баш на најмилите и најдрагоцените суштества кои постојат а тоа се дечињата.

Дали работата му претставува задоволство на Д-р. Андоновски?

Секако дека мојот адреналин а и воедно големо задоволство  е токму работата со децата, несебичната помош што можам и сакам  да им ја пружам е за да го добијам тоа најочекуваното нешто , нивната насмевка. Мислам дека секој нормален ден и секоја дежурна ноќ ја имам запомнето и по добри случки но за жал и со немили но тоа ми е само знак да се продолжи понатака. Заложбата и трудот носат и поголем успех и поголеми искуства.

За што најчесто се загрижени мајките при првите прегледи на новороденчињата?

Вообичаено нешто кое родителите секогаш ќе дојдат да побараат помош за новороденчињата е да прашаат дали папочето е добро , зашто спие цело време, зашто се прозева , зошто го вади јазичето надвор и безброј други прашања но сепак ние сме тука и треба да пристапиме човечки и професионално лекарски и да им објасниме се за да нивниот стрес биде намален и да можат без стравови сами да се справат со сите такви моменти кои следат понатака. Јас доста често преку вас пораталите им давам корисни совети на родителите во врска и со вакцините, ларингитите, алергиите , конвулзивните напади и многу голем број проблеми со кои би се сретнале родителите и нивните дечиња и како и што да направат во тие моменти. Сакам по пластично да ги разберат работите за да и на нам лекарите ни ја олеснат работата а и да знаат кога сме им ние најпотребни. Мојот совет и понатака е дека родителите мора да ги носат своите новороденчиња на редовните контроли со тоа помагаат на сопственото чедо доколку нешто се случува да биде благовремено реагирано. Апелирам да прегледите ги извршуваат педијатри а не лекари по општа пракса сепак ние имаме големо искуство во тој сегмент и поради таа причина ја носиме таа титула.

Актуелната тема вакцинација ги мачи сите. Што мислите вие во врска со вакцините?

Досега учествував на огромен број семинари, дебати, дискусии, стручни консултации за да стекнам поголемо знаење и искуство во врска со оваа проблематика. Но  и исто така учествував на огромен број тв емисии, пишани статии, презентации  за да им го пренесам стекнатото знаење на родителите во врска со вакцините и да им објаснам што тие значат. Јас како професионалец лекар, педијатар сум поборник за вакцинација. Мораме да сватиме дека вакцината е измислена баш поради фактот дека одредени болести , вируси , бактерии убивале и по стотици милиони луѓе. Сега сме 21 век и треба да сме свесни дека баш поради постоењето на вакцините и лековите човковиот живот е подолг во споредба со старите времња кога тоа не постоело и не било иновирано. Новите истражувања кои беа наложени поради фактот дека се појавија огромен број на шпекулациите и заговорници  контра вакцинацијата , докажаа дека не постои поврзаност на појава на одредени фамозни заболувања со самиот процес на вакцинација, не постои корелација да децата се разболуваат по примање на вакцина. Студиите се правееа во најголемите светски држави и на огромен број испитаници и ги соборија злите јазици.

Што би им препорачале на мајките кои се двоумат околу вакцинираеето.

Мајките воопшто да не се сомневаат и колебаат во врска со вакцинирањето. Вакцините се сите со врвен квалитет во сите диспанзери. Познат ми е фактот дека почнаа да кружат приказни за лоши вакцини и тоа беше аларм да дојде до нормален страв кај младите родители. За тоа  се виновни бившите раководни структури во министерството за  здравството и доколку се докаже вина би требало да одговараат. Но сега велам дека сите вакцини немаат сомнителен карактер и се извакцинирани огромен број на дечиња. Постоењето на најновиот вакцинациски календар може да ви биде користен за да точно знаете која вакцина следува да ја прими вашето детенце. Пред да го сторите тоа задолжително кај вашиот матичен педијатар да направите преглед и да ви даде дозвола за вакцинација.

Освен што будно се грижете за нашите најмили во што друго уживате? Можеби спорт или некое хоби.

И покрај многубројните дежурства задолжително се занимавам со спорт. Дури и преморен кога ќе се вратам во утринските часови по работната тешка работна ноќ  си го приуштувам моето големо задоволство а тоа е пешачењето. Освен пешачењето голем фан сум на бодибилдингот и пливањето. Дел од слободното време го делам и со пријателите тоа време исто така со задоволство го помиунуваме во дискусија и размена на идеи , сеќавања, радости и хумористични моменти. Голема пасија ми е пишувањето и сум често присутен по порталите и медиумите но пак во правец на давање совет кон родителите во врска со болестите кои се застапени во детскиот период, но и како интелектуалец и критичар на лошите здравствени политики тука сум исто така како еден голем контролор и тоа слободно го пишувам и јавно кажувам.

Како најчесто ви поминува еден обичен работен ден.

Тој ден е празник за мене и мојата душа, го минувам ко песна не плашејќи се да го зграпчам денот што ми претстои. Зависно од дежурствата така и работните денови се строго планирани и со веќе познато работно клише. Едноставно постојано сум во исчекување на пациентите и давање несебична помош на дечињата.

Што би им препорачале на читателите на zabava.mk

Им праќам еден апел а тој е баш наменет се со цел за нашите најмили дечињата да родителите внимаваат на нив бидејќи тие ни се иднината , да ги подигаат здраво , воспитуваат и да им ја предаваат семејната традиција за да станат храбри , горди, умни  и чесни носители на нашата нација. Ние педијатрите сме тука за да го обезбедиме нивното здравје. Моите заложби како лекар се и кон подобрувањето на здравствениот систем на Македонија и поборник за промени кои ќе бидат во корист на дечињата и сите пациенти во државата. Сите граѓани да имаат рамноправно право на бесплатно лекување и на квалитетно лекување да нема чекање редици да нема моменти кога не може да им се помогне кога помошта им е потребна. Децата се нашата иднина нашето наследство тие ни се највредното нешто . Чувајте ги!

Каде може да ве најдат оние родители кои имаат потреба да вие се грижите за нивните дечииња?

Можат да ме најдат во секое време ќе оставам свој телефонски број во вашата редакција а и слободно можат да ми пишат и на мојот ФБ профил за да најдеме простор како и кога да помогнеме дали со совет или преглед. И покрај  многубројните дежурства во болницата сепак сум достапен и тука сум за да помогнам на нашите мали херои.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford