Промоцијата на вториот албум во кариерата на Тамара, „Еден ден“ помина пдлично, а пејачката денеска на YouTube објави три нови песни од албумот.
Станува збор за нумерите „Трофеј“, „Врвот е дно“ и „Промена“ која ја сними заедно со раперот Тони Зен.
За песната „Трофеј“ музиката и аранжманот ги направи композиторот Лазар Цветковски, а текстот го напиша неговата сестра Магдалена Цветковска.
Синглот „Промена“ автоски го потпишуваат Роберт Билбилов, Тони Зен и Тамара, а третиот сингл „Врвот е дно“ пак е авторско дело на Роберт Билбилов и Тамара, а текстот го напиша Игор Џамбазов.