Земјотрес е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи.
Инициран од Направи Заедно, 69 Records и ПМГ Рекордингс, тоа е потполно отворен концепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на нашата алтернативна сцена. Токму таа сцена е единствената во Македонија која музиката ја сфаќа и третира како уметност, борба и национално богатство.
Веќе позватиот состав на Project Orpheus се Давид Димовски (автор, вокал/акустична гитара), Александар Ванчовски (тапани), Мартин Јосифовски (бас гитара), Виктор Филиповски (перкусии), Иван Петровски (електрична гитара / тамбура), Неврус Бајрам (електрична гитара), Владимир Крстев (виолина), Стефана Марковиќ (флејта), Оливер Настовски (ут / тамбура / кавал / гајда) и Ивица Јанкуловски (саунд инженер),
Како дел од оваа манифестација Ве покануваат да го проследите нивниот прв настап во живо за 2016 година, на 06 (февруари) во 21:00 часот во МКЦ.