Поп дивата Ријана вчера го објави спотот за новата песна “FourFiveSeconds”. Спотот е потпишан од еден холандски режисер и е сосема поинаков од се што сме виделе од Ријана досега.
Покрај поп дивата во спотот се појавуваат и Канје Вест и Пол Макартни, кои гостуваат во песната.
Пејачката која е позната по своите провокаивни настапи овој пат изненади бидејќи спотот е премногу монотонен и во него не се случуваат премногу работи. Само со својата убавина и заводливост Ријана успева да ви го задржи вниманието.
Погледнете го спотот кој стана вирален во рекорден рок!