Манекенката Емилија Розман изгледа прекрасно во венчаница. Таа на својот Фејсбук профил прикачи фотографија на која со насмевка на лицето облечена во раскошна венчаница позира со едно момче.
Но бидејќи младата манекенка пред некое време раскина со своето долгогодишно момче Кире, сигурни сме дека се работи за само уште една фотосесија во редицата која Розман ги работи како за македонскиот, така и за странскиот пазар.