Македонски бизнисмен со иницијали Ч. К (38) наводно со месеци бил во врска со познатата српска старлета Сораја но и во меѓувреме ја финансирал нејзината гардероба, патувања, автомобили, но и нејзината хуманитарна работа.
Како што објавија српските медиуми, таа од бизнисменот добила повеќе патувања, скапоцен џип, отмен мобилен телефон и многу гардероба, а особено е интересно што за време на минатогодишните поплави тој богаташ финансирал два камиона хуманитарна помош на кои го пишувало нејзиното име, за медиумите да ја претстават старлетата како голем хуманитарец
Бисзнисменот не сакал да потврди, ниту да демантира дали бил нејзиниот спонзор за време на тајната врска од девет месеци, додека Сораја била недостапна за коментар.