Хрватската пејачка Северина откри дека е во врска со белграѓанецот Игор Којиќ, син на фолк-пејачот, Драган Којиќ-Кеба.
За хрватскиот магазин „Стори“, 43-годишната ѕвезда вели дека ја пронашла љубовта на својот живот.
– Заљубена сум до уши, сега ми се чини дека ова ќе трае цел живот – изјавила Северина. Којиќ, инаку поранешен фудбалски голман, е 15 години помлад од убавата Хрватка.