Додека сите со нетрпение го очекуваме новиот албум на Адел, познатата британска пејачка деновиве докажа дека освен за пеење, поседува дарба и за маскирање.
Имено, за својот 27-ми роденден, на 5-ти мај таа го направи токму тоа – стави големи очила и брада и се трансформираше во својот идол од детството, Џорџ Мајкл.
Таа дури и ги имитирала познатите движења на Мајкл пред камера и објави неколку фотографии на социјалните мрежи.