Оваа сезона познатата старлета Сораја Вучелиќ е пожешка и од летото. Не и недостасува плажа за да го покаже своето витко тело во една приватна вила во Тиват, во која престојува веќе неколку дена.
Вучелиќ попладнето го поминала сончајќи се во дворот на вилата. Кога тргнала да оди во вода да се разлади, таа не се трудела да ги сокрие бујните гради под минијатурното бикини.
По нејзиното затегнато тело се гледа дека поранешната учесничка во „Големиот брат“ секојдневно вежба во теретана.
Очигледно и здосадило секогаш да биде во центарот на вниманието по ноќните клубови, па барем на базен избегнала да слуша довикувања од момците на сметка на нејзиниот изглед.