Топ моделот Сара Сампарио е една од убавиците на ангелите од Victoria’s Secret, а многумина ја нарекоа наследничка на легендарната бразилска убавица Адриана Лима.
Што поради нивната сличност, што поради атрактивноста, многумина тврдат дека Сара е наследничка на жената која најдолго ги носеше крилата на ангелите од Victoria’s Secret.
Португалската манекенка очигледно не се срами да покаже како изгледа без шминка, па на нејзините профили на социјалните мрежи може да се пронајдат многу нејзини фотографии на кои позира без шминка.