Ќерката на Цеца Ражнатовиќ објави трогателно видео, кое го посветила на својот починат татко.
Талентираната Анастасија Ражнатовиќ ги разнежни своите фанови, пеејќи го големиот хит на нејзината мајка „Пиле“, инаку песна посветена на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан.
– Моите солзи паѓаат нагоре – кратко напиша Анастасија со објавената снимка, која за неколку часа собра повеќе од три илјади допаѓања.