Откако во 2010 година се разведе од моторџијата Џеси Џејмс (46) холивудската актерка Сандра Булок (51) не оствари ниту една посериозна врска. Но, холивудската миленичка не се откажала од љубовта.
Сандра е во врска со неверојатно згодниот фотограф и модел Брајан Рендал.
Папараците ја уловиле двојката во текот на одењето на романтична вечера, а актерката на ја симнувала насмевката од лицето. Сандра и Брајан се појавиле и на венчавката на Џенифер Анистон и Џастин Теру.
– Брајан изгледа одлично, но освен тоа е и супер нормален. Сандра е многу среќна со него – рекол извор близок на актерката.
Сандра Булок има посвоен син Луис Барду, но пред две години изјавила дек би сакала да има уште деца.