Ема Ферер е внука на актерката Одри Хепберн. Таа е родена во Швајцарија и работи како модел. Студира уметност и како што вели, тоа е нејзиниот главен приоритет во животот.
Има 20 години и работи како модел, а е внука на една од најубавите актерки на сите времиња.
„Пред сè, сакам да бидам уметник, а потоа можам да се занимавам со останатите хобија, како моделингот“, вели Ема.
Таа пред две години се најде на насловната страница на магазинот „Харперс Базар“ за кој се фотографирала во стилот на својата баба Одри.
Интересно е тоа што ја фотографирал токму внукот на фотографот кој тогаш ја фотографирал Одри Хепберн.
Не знаеме дали Ема го наследила и талентот за глума од својата баба, но дефинитивно ги наследила нејзиниот шарм и убавина.