КОЈ МОЖЕ ДА ГО ПОБЕДИ ЊУТНОВИОТ ЗАКОН?
Пред околу 300 години, на господинот Њутн, седејќи под дрво за време на еден попладневен одмор, од нигде никаде му паднало нешто на памет – изгледа јаболко! Тоа можело да биде и јајце кое го испуштила птица додека прелетувала горе. Како и да е, таа случка е заслужна за формулацијата на Њутновиот закон за гравитација.
Red Bull Gravity Challenge бара остроумни студенти кои ќе ја надмудрат гравитацијата со својот генијален изум. Предизвик: Да лансирате јајце од висина од 15 метри и да се погрижите тоа безбедно и неоштетено да слета на земјата.
Покажи му на добриот стар Њутн како тоа се прави – припреми скица, пријави се до 08.04.2015. и освој тандем скок со падобран за тебе и твојата екипа.
Дознај повеќе и пријави се на:
www.redbullgravitychallenge.mk
Пријавувањето трае од 15.03.2015. до 08.04.2015.
Следи нѐ преку #letaneomlet
RED BULL GRAVITY CHALLENGE
Скопје – 26.04.2015.
ПРАВИЛА
Екипа
Тимовите треба да бидат составени од три члена. Само еден член од тимот ќе се качи на платформата, а останатите членови ќе ја анимираат публиката.
Јајце
Користете обично јајце (живо, со тежина поголема од 53гр.). Јајцето ќе го обезбеди организаторот.
Летечката направа
Големина: Вкупната големина на летечката направа треба да биде до 1 метар кубен – со висина од 1 метар, ширина 1 метар и должина 1 метар.
Тежина: Летечката направа не би требало да биде потешка од 5 килограми, со цел да не се оштети зоната за слетување.
Материјал: Летечката направа не треба да биде направена од било кој материјал кој би можел да претставува опасност за околината во случај да се скрши. (Предлози за лесни материјали: стиропор, картон, целофан, најлон, пластика, и сл.)
НАПОМЕНА: Леталицата никако не смее да биде управувана со далечински управувач, ниту пак да биде составена од електронски уред, батерии и сл.
Критериуми за оценување:
Организаторот ќе го оценува слетувањето:
– Доколку дојде до оштетување на јајцето = 0 поени
– Доколку јајцето преживее, но не ја допре земјата = 1 поен
– Доколку јајцето преживее и ја допре земјата, но не во зоната за слетување = 3 поени
– Доколку јајцето преживее, ја допре земјата и слета на означеното место = максимални 5 поени
Жирито ќе ги оценува:
– Креативноста, изгледот и техничките карактеристики на летечката направа
– Стилот на летање/ падот
– Исто така, ќе го оценува и шоу настапот на останатите членови од тимот!
НАГРАДИ
Додека вие ги подготвувате лудите летечки направи со кои ќе го побиете законот за гравитација, ние ви припремивме уште подобри награди.
Победникот на Red Bull Gravity Challenge-от го чека сличен пад, само од малку поголема височина! Скок од авион за целиот тим! За оние кои не се подготвени да го почувствуваат слободниот пад, ги очекува една од најпознатите камери на светот – GoPro.
Тимот кој ќе го освои второто место ќе го облечеме во супер-кул Red Bull дуксери.
Тимот на третото место ќе освои онолку Red Bull лименки, колку што килограми ќе има натешкиот член во тимот. (На пример, 80 кг. = 80 лименки Red Bull)
RED BULL GRAVITY CHALLENGE
Скопје – 26.04.2015.