Apple ги претстави новите iPad Air 2 и iPad Mini 3

Спонзорирани линкови

На настанот кој што се одржа, Apple ги претстави следните работи:

iPad Air 2

Главната новина во iPad Air 2 е намалувањето на дебелината за 18%, новиот A8X 64-битен чип кој што донесува 40% подобри перформанси, како и воведувањето на TouchID сензорот за отисоци од прсти. Екранот на новиот iPad ја здржува големината од 9,7 инчи и доаѓа со резолуција од 2048 x 1536 пиксели и нивна густина од 264 ppi. Камерата на уредот е надградена исто така, па оваа година доаѓа со 8 мегапиксели, можност за снимање на 1080p видеа, снимање на успорени видеа, како и Time Lapse видеа. iPad Air 2 треба да издржи до 10 часа на користење.

iPad Mini 3

Новиот iPad Mini за разлика од претходниот модел, не донесува нешто посебно големи новости. Во главно ги задржува своите карактеристики, односно процесорот, екранот и слично. Главната разлика која што ја донесува годинешниот модел е TouchID сензорот за отисоци за прсти.

iMac со Retina екран

На настанот Apple претстави и нова генерација на iMac компјутери кои што доаѓаат со таканаречениот Retina екран. За да се постигне густината на пикселите на 27 инчниот екран, тој вклучува резолуција од 5120 x 2880 пиксели, што од компанијата го нарекуваат 5K. Основниот модел доаѓа со 3.5GHz quad-core Intel Core i5 процесор, AMD Radeon R9 M290X графичка картичка, како и 1TB хард диск. Најјаката конфигурација која што може да се направи вклучува 4GHz Core i7 процесор, 32GB RAM меморија, 3TB диск, како и 1TB SSD диск.

Mac Mini

Mac Mini ќе доаѓа во три варијанти кои што ќе ја вклучуваат четвртата генерација на Intel процесори, како и Intel Iris и HD Graphics 5000 графика. Првиот модел ќе доаѓа со 1.4GHz dual-core Intel i5 процесор и 4GB RAM меморија, додека најјакиот со 2.8GHz dual-core i5 процесор и 8GB RAM меморија.

Заедно со претставувањето на уредите, Apple ја најави и достапноста на најновата верзија од OS X оперативниот систем, односно 10.10 Yosemite. Корисниците ќе можат да ја симнат оваа верзија од системот бесплатно почнувајќи од денес. Исто така беше најавен и iOS 8.1 кој што ќе донесе поддршка за Apple Pay за новите iPhone 6 модели кои што доаѓаат со вграден NFC чип.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford