Во средината на месец ноември во Македонија беше отворено претставништво на апликацијата Roamer. Симнувањата на оваа телекомуникациска апликација се во секојдневен пораст и неговата популарност наскоро ќе ја достигне популарноста на туристичките сим картички и на добро познатите Skype, Viber и други веќе познати апликации за комуникација, но само со користење на Интернет.
Roamer MK ви овозможува да заштедите на дојдовните и на појдовните повици во роаминг до неверојатни 97%. Притоа, вие ќе останете во постојан контакт со вашите блиски користејќи го вашиот личен македонски број и кога не сте прикачени на интернет.
Доколку често патувате, Roamer може да стане одлично решение за скапиот роаминг. Роамер во моментов покрива 217 земји. Помеѓу нив се и популарните дестинации: Грција, Бугарија, Хрватска, Кипар, Италија, Канада, Австралија.
Почетната верзија на сајтот и самата апликација Roamer се во целост преведени на Македонски јазик и во наредните денови обновената верзија на Roamer MK ќе стане достапна за симнување за сите македонски корисници. Исто така, техничката поддршка е на македонски јазик и работи 24 часа во денот, 7 дена во неделата.
Основачот на компанијата VoxNet, Влатко Василев, официјалниот партнер на Roamer SIA Ltd во Македонија, вели дека оваа апликација ја користи инфраструктурата од мобилните оператори и обезбедува највисок квалитет на мрежата при тоа користењето со Roamer сервисот е многу едноставно, а самата апликација е бесплатно достапна на Google Play и App Store. Неопходно е само да се надополни кредитот во апликацијата. Тимот од Roamer MK со доста труд и работа успеал да ја доведе оваа светска апликација и кај нас.
Василев е целосно убеден во тоа дека Roamer MK доста брзо ќе стане една од најпопуларните апликации во нашата држава и ќе им овозможи на македонските граѓани да ги намалат трошоците, а не комуникацијата со своите блиски. Првите 500 корисници во Македонија ги очекуваат специјални попусти и подароци.